Дволистен залисток, познат како и митрален, бикуспидален или лев преткоморнокоморен залисток е срцев залисток кој се наоѓа помеѓу левата срцева преткомора и левата срцева комора. Се нарекува митрален поради неговиот облика на митра. Изграден е од два листа.

За време на дијастола, дволисниот залисток се отвора и ја полни левата комора со крв. За време на систола дволисниот залисток се затвора и на тој начин овозможува крвта да продолжи да тече кон аортата и спречува да се врати кон левата преткомора.

Категорија:Срце